Хрватски тенисер предвреме си ја заврши кариерата – се обложувал на свој пријател!

Хрватскиот тениер, Лауро Милановиќ заработи суспензија од дури осум години поради местење натпревари, објави Меѓународната агенција за тениски интегритет (ИТИА).

Тенисерот кој во овој момент нема АТП ранкинг е прогласен за виновен за мечеви на кои се обложувал во 2018 година.

Милановиќ тогаш уплатил 15 добитни облози на тениски меч во кој настапувал негов пријател, а со оглед на тоа дека две години одбиваше да го предаде својот телефон на вештачење ИТИА донесе конечна одлука за долготрајна суспензија.

Бидејќи има 32 години осумгодишната суспензија која важи до 29 мај 2033 година за него веројатно значи и крај на кариерата.

Покрај суспензијата тој ќе мора да плати и парична казна од 10.000 долари.

Фото: ITIA