Ѓорческа запрена во осминафиналето на турнирот во Тунис

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во Ла Марса, Тунис откако денес со 2-0 (6-4, 6-1) беше поразена од полската претставничка Линда Климовицова.

Ѓорческа турнирот го стартуваше фуриозно и вчера славеше победа без изгубен гем, но денеска не успеа да дојде до триумф против тенисерката која е на 272. позиција на ВТА ранг листата.

Првиот сет Климовицова го доби со 6-4, додека во вториот беше поубедлива и на Ѓорческа и дозволи само еден гем. Мечот траеше еден час и 21. минута.