Ѓорческа со победа без загубен гем тргна на турнирот во Тунис!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа во голем стил стартуваше на турнирот во Ла Марса, Тунис, ја победи шпанската тенисерка Валерија Кусенкова без да загуби гем.

Се работи за тенисерка која е дури на 1.370 место, што е многу послабо од ранкингот на Ѓорческа, но македонската тенисерка максимално си ја одработе задачата и покажа кој е кој.

Мечот траеше само 47 минути, Ѓорческа го доби со 6-0 и 6-0.

Во осминафиналето Ѓорческа можеби ќе игра со првата носителка Стефанини доколку таа денеска го добие дуелот со Климовикова од Полска.