Мурињо доби засилување од Премиерлигата!
Бразилскиот дефанзивец за десет милиони евра се сели од Астон Вила во Фенербахче.
„Нашиот клуб постигна начелен договор за трансферот на Диего Карлос од Астон Вила. Бразилецот ќе дојде во Истанбул на медицински тестови и потпишување на договор“, напишаа од Фенер.
31-годишниот Диего Карлос е член на Астон Вила од 2022 година, претходно играше за Севиља, Нант, Порто, Есторил, Мадеира, Паулиста и Сао Паоло.