Играјте на Шпанија и на Египет ако сакате добивки денеска на СП 2025!

Почнувајќи со средбите од втората рунда од прелиминарната фаза на ракометното СП во Хрватска, Данска и Норвешка, „Спорт1“ ќе се обиде да ви помогне повеќе да уживате во возбудувањата од шампионатот со предлог-типови на коментаторите на МТВ, кои во следниот период ќе ви ги пренесуваат возбудувањата од Вараждин каде што игра Македонија.

ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ

ШВЕДСКА - ПОРТУГАЛИЈА 2 или повеќе од 30 голови во прво

На овој Мундијал секојдневно гледаме чудни пресврти, киксови на големите и блесоци на условно кажано помалите. Па ако Португалија е во форма, тоа може да продолжи и денеска против Шведска и покрај тоа што скандинавците се фаворити. Ова особено ќе зависи од играта на Салвадор и на дуото Кошта.

НОРВЕШКА – ШПАНИЈА 2

Ремито со Шведска во минатото коло во кое „фуријата“ покажа психолошка зрелост, мислам дека ќе влијае кај Шпанија мотивирано и храбро да влезе во овој меч. Норвешка е силна репрезентација, но овојпат јас верувам во оние кои играат добро на овој турнир. На контролниот меч во јануари Шпанија ја победи Норвешка со пресврт.

ЕГИПЕТ – ИСЛАНД 1Х

Откако ќе го победите еден од домаќините на ва Светско првенство, несомнено ќе верувате многи повеќе во своите квалитети. Египет славеше во Загреб а денеска против Исланд верувам дека е поблиску до победата во дербито за првото место на табелата во групата 4.

САД - ЈАПОНИЈА X

Вреди да се проба, макар за „стотче“.

ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ

НОРВЕШКА - ШПАНИЈА 2 и плус голови

Норвешка тешко излегува од кризата и останува на нула со победа над Сад и поразите од Бразил и од Португалија. Шпанија влегува во добар ритам, особено по големото враќање од минус пет на полувреме и ремито со Шведска. На претходниот Мундијал во четвртфиналето Шпанците по продолжение ги елиминираа Норвежаните. Скандинавците славеа на ЕП 2022 со 27-23, додека на ОИ 2021 беше исто така неизвесно со тесна победа на „црвената фурија“ со 28-27.

ЕГИПЕТ - ИСЛАНД 1 и минус голови

Дерби во групата на две селекции со изедначен квалитет и одлични одбрани. Египќаните со искусниот шпански стратег Хуан Карлос Пастор со идеален микс на домашни и ракометари и печалбари во Европа, игра врвен ракомет и најавува битка за медал. Исланѓаните го положија единствениот сериозен испит во првата фаза против Словенија, која постигна само 18 гола. Бековите Виго Кристјансон од Лајпциг и Торкелсон од Спортинг, со вкупно 30 гола се ударните игли на Скандинавците. Изедначено е по последните два меѓусебни дуела на СП. Египет победи пред четири години 24-21, а Исланд во Катар во 2015 година со 28-25.

ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА 1 и плус голови

Дерби во 3. група на две офанзивно потентни репрезентации. Шведска со триумф ќе го надополни загубениот бод со Шпанија за да го превземе врвот од Португалија. Мелер, Лагергрен и Ване учествуваа со вкупно 58 голови досега. Браќата Франциско и Мартим Коста, синовите на тренерот на Спортинг Рикардо, торпедираат со вкупно 33 гола досега. Многу голови на последните два меѓусебни натпревара на кои славеше Шведска. На ЕП лани, 40-23, на СП 2023, 32-30.

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ

ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА 1

Без разлика што Португалците оставаат одличен впечаток не само на ова Светско првенство, туку и во последните неколку години, „трите круни“ загубија бод во трката за четвртфинале против Шпанија, па денеска ќе сакаат да притиснат. Сепак, натпреварите не се прашање на желби и затоа треба да се знае дека Португалците ја совладаа Шведска пред пет години. Оттогаш, поранешниот светски првак е во низа од три победи на сите големи настани. Иако шведскиот состав е без неколку стандардни играчи, во прв ред бекот Клар, според мене, Скандинавците се поблиску до триумф.

НОРВЕШКА – ШПАНИЈА Х2

Наместо да го искористат домашниот терен, Норвежаните се на прагот на дебакл. Загубија од Бразил и од Португалија и без бод влегуваат во главната фаза, а со тоа се пред тежок императив да ги добијат следните три натпревари за да се пласираат меѓу осумте најдобри. Јавноста веќе бара оставка од селекторот, а тоа се тешки околности за игра против Шпанците. Мислам дека „фуријата“ ќе има психолошка предност затоа што извлече реми по голема негатива со Шведска. Токму затоа не ми е јасно зошто Норвежаните се фаворити според обложувалниците, можеби е на основа на меѓусебните дуели, но ако не ги броиме пријателските натпревари, Шведска има три победи на последните четири соочувања на големите настани. Ова е големо дерби, но сметам дека Норвешка нема да се извлече од бездната.

САД – ЈАПОНИЈА +55,5

Јапонците се репрезентација со поголемо ракометно реноме и мислам дека ќе победат во оваа пресметка којашто би требало да биде ефикасна. Двета национални состава досега губеа од фаворити, но даваа околу 20 гола, така што сега е логично полесно да ја пробиваат противничката одбрана. Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Американците и на Јапонците, ќе играат растоварено, па ќе има многу голови.