„Ѓоковиќ беше вистински уметник во дуелот со Алкараз“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да слави против Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралијан опен, па доби пофални зборови од поранешниот тенисер Енди Родик.

Родик смета дека Ѓоковиќ целосно го надиграл Алкараз и ја заслужил победата и пласманот во полуфинале, каде што ќе се соочи со Александер Зверев.

„Најсилно оружје на Ѓоковиќ беше вториот сервис. Не му дозволуваше на Алкараз да биде мирен на теренот. Кога имаше доволно време, Ѓоковиќ беше вистински уметник на теренот против Алкараз. Кога немаше време, брзаше малку. Сепак, исто како уметник кога ќе му кажете дека има 30 минути да направи слика, па нема да ја создаде најдобрата верзија бидејќи е способен за многу повеќе“, кажа Родик.