Академијата на ФФМ руинирана - талентите учеле и живееле во мизерни услови (ВИДЕО)

Новото раководство со видео запис покажа во каква состојба ја затекнале Академијата за младинските категории на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) која треба да биде репрезентативен објект, но наместо тоа станало руинирано место со услови под секое нормално ниво.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ рече дека една од главните заложби на новото раководство ќе бидат младинските категории. Академијата на ФФМ е создадена да ги собира најдобрите млади играчи на едно место, тоа е проект финансиран од УЕФА.

Колку пари се одвојувале за Академијата од претходното раководство и колку тоа се грижело за условите во кои живеат и функционираат македонските фудбалски надежи, показател е видеото кое е објавено.

Условите се најблаго речено мизерни, срамни. Новото раководство на ФФМ ветува дека ќе ги засука ракавите и од Академијата повторно ќе направи репрезентативен објект по примерот на развиените земји кој ќе има нормални услови за функционирање на младите фудбалери.