„Ако давав гол од секоја шанса ќе играв за Реал Мадрид, не за Црвена звезда“

Напаѓачот на Црвена звезда, Шериф Ндијае даде интересен коментар по критиките кои ги добива за промашувањата.

Вчера Црвена звезда загуби во Белград со 3-2 од ПСВ, а текот на мечот можеби ќе беше поинаков доколку Ндијае не промашеше една голема шанса при резултат 0-0.

„Секогаш кога ќе промашам, сите зборуваат за тоа. Но тоа не го правам намерно, како да сакам да не дадам гол. Играм 100% за да му помогнам на тимот. Ако можам да дадам гол, ќе дадам. Понекогаш промашувам, тоа едноставно се случува. Да сум играч кој дава гол од секоја шанса, немаше да бидам тука, туку ќе играв за Реал Мадрид“, изјави Шериф.