Ливерпул сака да купи еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата
Исак и оваа сезона игра одлично во дресот на Њукасл, односно постигна 12 голови на неговите последни 11 натпревари, со што дополнително го привлече интересот на „црвените“.
Англиските медиуми пишуваат дека постои можност да се реализира трансферот, но Ливерпул ќе треба да плати дури 136 милиони евра за Исак, колку што наводно бара Њукасл.
Исак пристигна во Њукасл во 2022 година, откако претходно три сезони играше за Реал Сосиедад.