Бразил го скрши Чиле, Словенија без милост кон Аргентина

Денеска од 15.30 часот беа одиграни уште два натпревари на Светското првенство (СП) во ракомет, а до триумфи стигнаа Бразил против Чиле и Словенија против Аргентина.

Бразил беше добар во текот на првото полувреме и водеше со 13-7, но Чиле со мини-серија од 3-0 намали на само три погодоци на полувремето (10-13).

Чиле му направи сериозни проблеми на фаворитот во второто полувреме, кога успеа да го сврти резултатот во своја корист (21-20), но Бразил веднаш одговори и со одлична завршница оствари триумф од 28-24.

Бразилците со оваа победа скокнаа до втората позиција во групата 3 и имаат четири поени, колку и лидерот Португалија.

Словенија одигра доминантен натпревар против Аргентина, а победата ја најави уште во првите 30 минути, кои ги доби со 15-8, додека до крајот на мечот успеа дополнително да ја зголеми разликата (34-23).

Словенечките ракометари се на делба на првата позиција во групата 4 со Египет и Исланд, со кои имаат по четири бодови.