Барселона подготви нови договори за двајца фудбалери

Каталонскиот гигант Барселона вчера славеше со огромен пресврт против Бенфика (5-4), а еден ден подоцна доаѓаат важни вести од клубот.

Медиумите пишуваат дека Барселона се договорила со Роналд Араухо и Педри и до крајот на следната недела ќе бидат потпишани нови соработки.

Араухо и Педри ги договориле деталите, односно се согласиле на нови договори кои ќе важат до 2030 година.