
Ѓорческа обезбеди четвртфинале во Рим, противничката го предаде мечот во вториот сет
Противничката на Ѓорческа, Романката Кристина Дину го предаде мечот во вториот сет, па така македонската претставничка обезбеди пласман во следната фаза.
Дину го предаде мечот при водство на Ѓорческа од 1:0 во сетови и 2:0 во гемови во вториот сет. Романката во првиот сет не освои ниту еден гем против македонската претставничка.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе се соочи против подобрата од мечот помеѓу Америнката Варвара Лепченко и Швајцарката Сусан Бандечи.