Ѓорческа моќно почна во Копер, во два сета ја елиминира шестата носителка!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше одличен старт на турнирот во Копер, Словенија откако со само пет загубени гејма ја победи Романката Тодони.

Романската тенисерка беше шеста носителка на турнирот, таа се наоѓа на 191 место на ВТА листата, но денеска Лина Ѓорческа беше многу подобра.

Македонката го доби првиот сет со 6-4, а во вториот беше подобра со 6-1. Мечот траеше еден час и 40 минути.

Во второто коло Ѓорческа ќе игра против Италијанката Киеза која е квалификантка но во првото коло во два сета ја победи Шпанката Маристани.