Ѓорческа ќе се соочи против Аргентинка на почетокот на квалификациите за УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи на квалификациите за УС Опен, а нејзина прва противничка ќе биде Јулија Риера од Аргентина.

Риера има 22 години и се наоѓа на 122. место на ВТА-листата, а сега ќе биде 19. носителка во квалификациите и ќе биде првиот предизвик за македонската тенисерка.

Ѓорческа и Риера утре го играат петтиот меч по ред во Њујорк, а тоа значи дека најверојатно ќе излезат на теренот во вечерните часови.