Ѓоковиќ загуби само пет гема и експресно обезбеди второ коло на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Микаел Имер од Шведска за само еден час и 38 минути, откако славеше со 3-0 во сетови (6-0, 6-2 и 6-3).

Ѓоковиќ беше расположен од самиот старт на натпреварот, па експресно го доби првиот сет без ниту еден загубен гем, по што противникот покажа на моменти дека може да освои барем нешто во мечот.

Вториот сет делуваше посериозно од ривалот на Ѓоковиќ, кој успеа да се држи до 2-2, а потоа Ноле влезе во ритам и стигна до 6-2.

Третиот сет беше сличен на претходниот, со тоа што Имер овојпат имаше 3-3, но тоа не му помогна многу бидејќи Ѓоковиќ ја оправда улогата на фаворит и го доби сетот со 6-3.

Ѓоковиќ во следното коло на Ролан Гарос ќе игра против Рикардас Беранкис.