Ѓоковиќ: Татко ми веќе некое време ме убедува да се пензионирам

Новак Ѓоковиќ зад себе има импресивна и богата кариера, но веќе е во години во кои мора да размислува и на повлекување од професионалниот тенис.

Поминаа пет дена од мечот на Австралија Опен кој Ѓоковиќ го предадеп ротив Зверев и поради таа ситуација темата околу неговото пензионирање е посебно актуелна.

„Размислувам за пензија, повеќе како ќе изгледа тој период, отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе одлучам  да се повлечам кога почесто ќе губам, кога почувствувам дека веќе не можам да бидам конкурентен за најголемите трофеи“, изјави Ѓоковиќ.

Призна Ѓоковиќ и дека неговиот татко веќе одреден период го убедува да се повлече.

„Првиот кој започна со таа тема е мојот татко, иако не знам колку ќе му се допаѓа ова што го зборувам, Тој веќе некое време се обидува да ме убеди да се повлечам, но не инсистира. Разбира и ја почитува мојата одлука, често ме прашува дали сакам да постигнам уште нешто. Свесен е за стресот и напнатоста кои влијаат на мојот ум и тело, а со самото тоа и на се околу мене. Затоа ми зкажа дека е време да размислувам за крај на кариерата“, откри српскиот тенисер во интервјуто за „GQ“ магазинот.