Ѓоковиќ со убедлива победа ја заврши 2024 и ја почна новата сезона
Во првото коло, тој го совлада домашниот тенисер Ринки Хиџиката со 2-0 (6-3, 6-3) и сега може да се насочи на прослава на новата година која таму каде што е тој ќе пристигне за околу четири часа. Со оваа победа, Ѓоковиќ стави крај на 2024 година и ја почна новата сезона во која ќе го брка 100. трофеј во кариерата и уште некој пехар од Гренд слем турнирите.
Што се однесува до дуелот со Хиџиката, Ѓоковиќ не се намачи многу и ја заврши работата за 76 минути. Во воведниот сет направи брејк во вториот гем и го задржа до крајот, а во вториот сет се играше без брејк до 302 за Австралиецот по што Новак освои четири гема по ред за да стави точка на мечот.
Во второто коло, Ѓоковиќ ќе се сретне со францускиот тенисер Гаел Монфис со кого во кариерата има 19 дуели и 19 победи.