Ѓоковиќ: Не можев да посакам подобар старт на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со триумф од 3-0 во сетови против Вит Коприва го почна походот кон осмата титула на Вимблдон.

Ѓоковиќ на прес-конференцијата кажа дека е среќен со прикажаната игра, односно доминацијата на теренот, иако пред неколку недели имаше операција во Париз.

„Тренинзите ми беа одлични, а мечот на теренот неверојатен. Не знаев што да очекувам, но среќен сум како играв и се движев. Не можев да посакам подобар старт на турнирот“, кажа Ѓоковиќ.