Салах ги разочара навивачите на Египет

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах го одби повикот од селекторот од репрезентацијата на Египет за настап на Олимписките игри во Париз.

Со оваа одлука Салах ги разочара навивачите кои посакуваа нивната најголема ѕвезда ги предводи на турнирот. Сепак, Салах има други планови.

Целта на Салах за тој период е да се посвети на припремите на Ливерпул за наредната сезона и како еден од најискусните во тимот максимално да се стави на располагање на тренерот Арне Слот.

Ливерпул подготовките ќе ги започне во текот на оваа недела, а Салах сака да ги одигра и сите припремни натпревари до почетокот на сезоната.

Во минатата сезона во дресот на Ливерпул, Египќанецот постигна 18 голови на 32 натпревари. Ќе потсетиме во составите на Олимписките игри според правилата може да има двајца фудбалери повозрасни од 23 години.