
Ѓоковиќ го дозна терминот за третото коло, организаторите не му ја исполнија желбата
Ѓоковиќ против Филип Мишолиќ од Австрија во натпреварот од третото коло на грен-слем турнирот во Париз нема да излезе на теренот пред 20:15 часот.
Овој термин сигурно не ги радува и фановите на Ѓоковиќ кои ќе сакаат да ја гледаат и битката за најпосакуваниот европски трофеј помеѓу Интер и ПСЖ која е закажана за во 21:00 часот.
Но, ваквиот расплет беше и очекуван, бидејќи уште претходно се најавуваше можноста за судир на двата спортски настани. Така, Ѓоковиќ кој како што е познато е навивач на големиот ривал на Интер, Милан, нема да има можност да го гледа финалето.
Фото: Novak Djokovic/FB