
Вечниот Ѓоковиќ лесно до десетто финале во Њујорк пред кое – пак влезе во историјата!
Србинот не би бил можеби најдобар тенисер на сите времиња, ако не оствари историски резултат пред секоја битка за голем трофеј, па така беше и сега со оглед што стана само четвртиот во историјата на турнирот во Њујорк кој одиграл најмалку 100 натпревари. Пред Србинот во моментов се само Џими Конорс со 115, Роџер Федерер со 103 и анонимниот од аматерската ера, Вик Сексас со 102 меча. Истовремено, популарниот Ноле е и вториот највозрасен полуфиналист, зад Конорс кој го направи тоа со 39 години.
Младиот Американец беше преимпресиониран од пресметката со големиот Новак, па не одигра како на претходните средби. Ѓоковиќ, пак, беше стандардно фокусиран, не правеќе грешки и смирено ја чекаше својата шанса за брејк, какви што имаше доволно брзо во секој сет. Најнеизвесно беше во третиот сет, кој траеше повеќе од првите два заедно, во кој Србинот дури по тај-брејк дојде до конечен триумф.
Негов противник на патот кон 24. гренслем-титула, со која дополнително ќе му побегне на Рафаел Надал кој има 22, ќе му биде подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев.