Федерер спаси две меч топки и го победи Чориќ

Роџер Федерер се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Рим откако го совлада Борна Чориќ во три сета. 

Швајцарецот беше во голема неволја и се наоѓаше пред пораз. Мораше да спаси две меч топки и на крајот да слави со 2-6, 6-4 и 7-6 за да стигне до најдобрите осумна турнирот. 

„Првиот сет беше многу тежок за мене, бидејќи имаше сенка на теренот и не можев да го следам топчето добро“, изјави Федерер. „Чориќ играше добро, бидејќи е одличен играч. Не можев да ги бркам линиите премногу добро, па затоа и не можев да погодам многу 'винери'. Играв на начин на кој што немаше само да се изнервирам. Му дадов шанса да победи и тој не победи, па затоа на крајот јас ја искористив“, изјави Федерер по мечот.