Федерер со пресврт стигна до финале во Индијан Велс!

Роџер Федерер се пласираше во финалето на турнирот од Мастерс 1000 серијата во Индијан Велс, откако го победи Борна Чориќ со 5-7, 6-4 и 6-4.

Хрватскиот тенисер одигра одличен натпревар, но му се „лизна“ победата од раце. Во еден момент маше сет предност и 4-2 во вториот сет, но тогаш Федерер се „разбуди“, па не му дозволи на Чориќ да направи изненадување.

На почетокот на третиот сет изгледаше дека предноста е на страната на Федерер, но Хрватот спаси брејк топка со ас, но тоа беше се од негова страна зашто Швајцарецот рутински го заврши мечот.

Федерер ќе се бори за рекордната шеста титула во Индијан Велс, односно 28. од Мастерс серијата.