Федерер се враќа на теренот - ќе одигра меч во двојки со три познати личности од Кина

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер повторно се враќа на теренот и ќе одигра натпревар на 10 октомври со три познати личности од Кина.

Федерер ќе се појави на турнирот во Шангај, каде што во неговата завршница ќе настапи на теренот, а засега не се откриваат дополнителни детали.

Турнирот во Шангај се игра од 1 до 12 октомври оваа година.