Федерер и Надал повторно заедно - ама во друг спорт (ФОТО)

Двете тениски легенди Роџер Федерер и Рафаел Надал ги завршија своите професионални кариера и последните години уживаат во мирот и се обидуваат да го надополнат она што го пропуштиле додека беа професионалци.

Федерер неодамна ја посети академијата на Надал во Мајорка каде тренираат и неговите ќерки и притоа двата поранешни тениски асови одиграа партија голф. Дури испратија и интересна порака преку социјалните мрежи.

„Дали смее некој против нас двајца?“, напиша Федерер, а Надал го сподели тоа на својот профил.