„Би-би-си“ објави доказ дека Ѓоковиќ ги фалсификувал тестовите за ковид-19 (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не доби шанса да ја брани титулата на Австралијан опен, па поради тоа ќе биде најголем губитник по финалето меѓу Данил Медведев и Рафаел Надал, а дополнителен удар за најдобриот играч во моментов е тоа што „Би-би-си“ има докази дека тој ги фалсификувал тестовите за ковид-19.

Новинарите на „Би-би-си“ не го оставаат случајот на Ѓоковиќ, кој остана без виза, по што беше депортиран од австралиските власти, иако достави докази дека најпрво имал позитивен тест на 16 декември, а на следното тестирање на 22 декември бил негативен, по што требаше да добие можност да игра на турнирот, меѓутоа не му помогна ниту медицинскиот исклучок.

Тоа што е интересно е дека на тестовите кои беа објавени има нешто сомнително, а тоа е серискиот број на тестот кој е направен. Поточно, бројот на првиот тест е поголем од вториот, па така новинарите тврдат дека тоа не е возможно и сметаат дека Србинот направил фалсификат за кој треба да добие дополнителна казна.