
„Австралија Опен ќе биде последниот голем турнир за Ѓоковиќ“
Сезонава Ѓоковиќ и на 38 години успеа да доје до полуфиналето на сите четири грен-слем турнири. Сепак, таму не можеше против во овој момент најдобрите во светот, Јаник Снер и Карлос Алкараз, па прашање е дали Ѓоковиќ би можел да ги победи на големите турнири кои следат.
Рене Стабс, поранешната тенисерка во двојки и тренер на Серена Вилијамс даде своја проценка за крајот на кариерата на Ѓоковиќ.
„Имам чувство дека Австралија Опен ќе биде негов последен голем турнир на кој ќе игра. Не верувам дека ќе сака да продолжи потоа и да оди на Ролан Гарос. Игра добро на секоја подлога, но не гледам дека би можел да ги добие тие момци во пет сета на земја и потоа да оди на Вимблдон.
Чувствувам дека Австралија Опен е вистинското место да ја заврши кариерата. Тоа местото каде што го освои својот прв грен-слем турнирите, сите знаеме колку му значи тој турнир“, смета Стабс.
Ѓоковиќ во овој момент нема објавено распоред за наредниот перод и прашање е дали воопшто ќе игра нешто до крајот на годината, иако се очекува да се појави Атина на турнирот кој го пресели од Белград.
Фото: EPA