Радукану била само пријателка: Алкараз е во врска со вистинска секс-бомба! (ФОТО)

Карлос Алкараз изминатиот викенд го победи Јаник Синер и така го освои турнирот во Ју-Ес Опен, а сега тема за медиумите беше и приватниот живот на младата тениска ѕвезда.

Претходно оваа година се пишуваше дека Алкараз е во врска со тенисерката Ема Радукану, иако и двајцата тврдеа дека се само добри пријатели и изгледа ја зборувале вистината.

Имено, според последните информации Алкараз кој има 22 години е во романса шест години повозрасната Брукс Нејдер која работи како супермодел.

Таа се појави и на финалето од турнирот, меѓутоа првично беше поврзувана со Јаник Синер, сепак на крајот тие информации се покажале како неточни.

Интересно е што нејзината сестра Грејс Ана на настапот на една модна ревија потврдно одговори дека на прашањето „дали нејзината сестра е во врска со тенисерот“.

„Гласините се вистина“, кратко потвдила таа.

Исто така додала и дека со нетрпение чека да го запознае Алкараз.