Украински новинар откри како Мудрик паднал на допинг-тестот!

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик е надвор од фудбалските терени затоа што се наоѓа сред процес кој може да му ја уништи кариерата, откако паднал на допинг-тест.

Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) го обвини за кршење на анти-допинг правилата откако во неговиот примерок била пронајдена забранетата супстаница мелдониум.

Проблемите почнаа на крајот на 2024 година кога Мудрик исчезна од екипата на Челси, а потоа објави дека никогаш свесно не користел забранети супстанции и не ги прекршил правилата.

Новинарот Игор Бурбас објави дека Мудрик за време на репрезентативниот собир имал здравствени проблеми, по што физиотерапевтот му дал инјекција со матични клетки кои биле добиени од крава за регенерирање на ткивото.

Проблемот бил во нивното потекло, односно во истите имало недозволена супстанција која потоа му наштети на украинскиот фудбалер.