Поранешен играч на Сити и Атлетико, освојувач на ЛШ е уапсен во Холандија!

Поранешниот фудбалер на Ајакс, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид... Кики Мусампа е уапсен во вторникот во Холандија поради сомнеж за даночна измама тешка повеќе од 100.000 евра.

48-годишниот Мусампа кој сега работи како помошник тренер во младинскиот тим на Ајакс, бил задржан еден ден, а во средата е пуштен.

Обвинителството тврди дека Мусампа пријавил дека престојува во странство додека истовремено работел и остварува приходи во Холандија, со тоа ја оштетил државата за значителен износ.

Била извршена и рација во неговиот дом, запленети се документи и луксузни часовници, а приведен е и неговиот 65-годишен сметководител.

Холандските медиуми пишуваат дека неодамна на Мусампа му е одземен и недвижен имот во Амстердам поради долгогодишни проблеми со даночните власти.

Од Ајакс се свени за случајот, но од таму велат дека е прерано да реагираат. Случајот е во тек.

Кики Мусампа беше член на Ајакс кога овој тим во сезоната 1994-95 ја освои Лигата на шампионите.