Работнички се засили и со Белул Елмазоски!

Брзо откако го промовираше Димитар Трајков, ФК Работнички објави и дека се засилува со Белул Елмазоски.

Се работи за 21-годишен фудбалер кој е роден во Италија и минал низ неколку различни академии таму.

Играл и за неколку италијански нисколигаше пред да дојде во Македонија во јануари 2025 година кога потпиша за Шкупи.

Елмазоски кој игра на позицијата крилен напаѓач, сега е нов фудбалер на Работнички кој се активираше во финишот од преодниот рок откако тргна лошо во новата сезона.