
Гогов потпиша нов договор со Вардар, ќе остане најмалку до 2027 година!
Гогов претходно имаше договор до јуни 2026 година, но „црвено-црните“ беа задоволни од неговите настапи, па затоа му ја продолжија соработката на уште една година.
Чуварот на мрежата пристигна во Вардар во 2019 година, а со тек на време се наметна како важен дел од скопскиот гигант.
„Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес“, соопштија од клубот.