Стадионот на Атлетико повторно ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите

Вторпат во период од осум години, стадионот Метрополитано во Мадрид, дом на Атлетико, ќе биде домаќин на финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

УЕФА денеска донесе одлука таму да се игра мечот за титулата во 2027 година што ќе биде втор таков натпревар по оној во 2019 година кога таму се сретнаа Ливерпул и Тотнем. Метрополитано има капацитет од 70.692 места, пуштен беше во употреба во септември 2017 и е еден од најмодерните спортски зданија во Европа.

Одреден е домаќинот и на Суперкупот на УЕФА во 2026 година и тоа ќе биде Ред Бул арената во Салцбург.