„Како Албанец, победата против Србија ми е посебно драга“

Репрезентацијата на Финска е сензација на Европското првенство на кое првпат во историјата стигна до полуфинале, а меѓу најзаслужните за големиот успех е кошаркарот на Гравелин, Едон Маџуни.

Тој е роден во Финска, но неговите родители се од Косовска Митровица од каде емигрирале во екот на војната во поранешна Југославија, во 1992 година. Од тие причини Маџуни е особено среќен за успехот, но и поради тоа што до него е дојдено со победа против Србија.

„Мислам дека никој не очекуваше Финска да оствари ваков резултат, да ја елиминира Србија. Прироно, чувството е фантастично, а мене како Албанец, победата над Србија ми е уште подрага, отколку на Финците“, откри Маџуни.

Финска во полуфиналето ќе игра против првиот фаворит на првенството Германија, а втората двојка ја сочинуваат Грција и Турција.