Клубот на Рамос договори уште една европска ѕвезда!

Мексиканскиот клуб Монтереј Рајадос каде што игра Серхио Рамос, договори уште едно познато име за засилување на тимот.

Се работи за поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал.

29-годишниот Марсијал во Монтереј оди од грчкиот клуб АЕК каде што беше член од 2024 година.

Французинот не помина добро ниту во АЕК, па прашање е дали ќе може да се препороди во Мексико.