
Работнички доби нов напаѓач: Димитар Трајков пристигна на позајмица!
Младиот напаѓач доаѓа на позајмица во Дебар Маало од украинската екипа Житомир Полисја, чиј дрес го носеше од јули 2024 година.
Трајков дел од минатата сезона помина на позајмица во хрватско Дугопоље, а претходно играше и за Брера Струмица и Беласица.