МЗТ Скопје го врати Хуан Дејвис во своите редови

По пауза од три години, американскиот интернационалец Хуан Дејвис повторно ќе го облече дресот на МЗТ Скопје.

Раководството на клубот од Аеродром постигна договор со него за претстојната сезона и тој, практично, ќе биде замена за неговиот сонародник Грег Џонсон кој не ги помина лекарските прегледи. Дејвис играше за МЗТ Скопје во сезоната 2021/22 кога оваа екипа ја освои шампионската титула во домашното првенство, но и обезбеди пласман во АБА лигата како финалист во второлигашката конкуренција.

По заминувањето од МЗТ, Дејвис две сезони помина во тимот на Задар со кого освои две шампионски титули во хрватското првенство.