
Червар: Македонија има министер спортист кој имаше храброст да ја преземе работата
„Македонија е на добар пат бидејќи државата е пријателски настроена кон спортот“, истакна познатиот хрватски ракометен тренер во своето обраќање како панелист на Регионалниот спротски самит „Скопје 2025“.
Червар кој десет години живееше и работеше во Македонија како тренер на РК Металург и краток период и како селектор на македонската машка ракометна репрезентација, ја поздрави одлуката на македонската Влада која „го почитува спортот“ и министерот Борко Ристовски кој, како што рече, „имаше храброст да ја преземе работата“.
„Во земјите од регионот имаме министерство за спорт и за туризам, министерство за култура и спорт, министерство за спорт и млади... само Македонија има вистинско Министерство за спорт со министер спортист кој имаше храброст да ја преземе работата, а државата Македонија, односно Владата му ја даде таа доверба. А, тоа не голема работа и јас им честитам и на министерството и на нашиот министер и на Влада. Мислам дека сте на добар пат“ истакна Червар.