
Челси обвинет за кршење на правилата на ФА – случајот го пријавиле сопствениците!
Клубот од Премиер лигата е обвинет за кршење на правилата во период од 2009 до 2022 година и станува збор за односи на соработка со агенти и вложувања во фудбалери од трети страни.
Интересно е што потенцијалниот проблем го откриле сегашните американски сопственици во текот на анализата при преземање на раководење на клбуот. Тие веднаш го пријавиле целиот случај во ФА сакајќи да стават до знаење дека кршењата на правилата се случувале кога тие не биле во клубот.
Челси има рок за одговор на обвиненијата до 19 септември, а како олеснителна околност за премиерлигашот може да послужи соработката која ја имаат сопствениците со инспекторите.
За ваквите обвиненија предвидени се казни и со одземање на бодови, но имајќи ја предвид соработката очекувањата се дека „сините“ ќе поминат само со парична казна.
Фото: Chelsea FC/X