Панчев избран во најдобриот тим на Звезда во историјата, Најдоски резерва (ФОТО)

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев доби место во најдобриот тим на Црвена Звезда на сите времиња во избор во кој учествуваа голем број легенди на црвено-белие и новинари од Србија.

Најдобрите денови од кариерата Панчев ги помина во Звезда со која освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал, а се памети и оној негов епски пенал во Бари вреден европска титула.

Во изборот организиран од „Моцарт Спорт“ имаше место и за уште еден Македонец: Илија Најдоски кој е избран помеѓу резервите.

Покрај Панчев во најдобриот тим се уште: Џајиќ, Савичевиќ, Шекуларац, Стојковиќ, Југовиќ, Петровиќ, Михајловиќ, Белодедиќ, Видиќ и голманот Беара.

Тимот од клуипата го предводи Миљан Милиќ.