
Tренерот на Тотнем има предлог за револуција во фудбалот, бара да се укине играњето со рака!
Данецот кој изминатото лето ја презема клупата на Спарс од Анге Постекоглу смета дека воведување одредени иновации би ја подобриле играта.
Франк успешно ја заврши својатаа ера во Тотнем запишувајќи две победи во првите три првенствени натпревари, а исто така неговиот тим играше и пенали против ПСЖ во УЕФА Суперкупот.
„Би вовел по еден тајм-аут во двете полувремиња. Од тренерска преспектива, мислам дека е одлично да имате прилика да разговарате со фудбалерите, така може да промените некои работи“, изјави Франк.
Освен тоа Франк зборуваше и за играта со рака која за него е еден од поголемите проблеми во модерниот фудбал.
„Би го укинал правилото за играње со рака бидејќи за мене тоа не е исправно. Ако случајно играте со рака во шеснаесетникот му давата на противникот најголема шанса само затоаа што нешто така се случило. Секако, ако сте на гол-линијата и браните како голман, тогаш е поинаку. Но, едноставно не разбирам како ако само ве допре топката по рака во одреден момент е причина противникот да има така голема шанса за гол. Тоа е нешто кое треба да се промени“, порача Франк.
Фото: Tottenham Hotspur