Бутел ги отвора вратите - бесплатен влез за реваншот со Диделанж!

Eкипата на Бутел се на добар пат за првпат во својата историја да прескокне една европска пречка откако во Луксембург против Диделанж во рамките на ЕХФ Европскиот куп славеа победа од 31-27 и сега имаат одлична предност за реваншот во Скопје.

Реваншот се игра в сабота на 13 сепември во малата сала во „Јане Сандански“, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде бесплатен.

„Поддршката за нашите момци, кои славеа со 31-27 на првата средба, ќе биде повеќе од добредојдена во битката за нов триумф, пласман во второто коло и нови европски бодови за македонскиот ракомет“, порачуваат од Бутел.

Натпреварот е закажан за во терминот од 18:00 часот.