Алкараз во најдолга серија победи во кариерата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има голема шанса наесен да се врати на првото место на АТП листата, ако продолжи со добрата форма.

Вчера со големи проблеми го совлада својот сонародник Хауме Мунар, по 3:30 часа игра и обезбеди пласман во полуфиналето од турнирот во Квинс. Со тоа ја продолжи серијата победи која сега изнесува 15 и тоа е негова најдолга низа во кариерата.

Последен пат е поразен пред точно два месеца, на 20 април, од Холгер Руне во финалето од турнирот во Барселона кога играше повреден. Шанса да ја продолжи серијата ќе има денеска кога се среќава со Риндеркнех од Франција, а ако ја освои титулата во Квинс ќе се доближи на 1.100 бода до Синер.