Македонија има нов херој: 12-годишниот Марко го преплива Охридското езеро! (ВИДЕО)

Марко Пејчиноски, 12-годишното охриѓанче, кое доживеал инфаркт на долните екстремитети е нов македонски херој, откако денеска, на големиот православен празник Голема Богородица, успеа по осум часа да го преплива Охридското езеро.

Само три дена откако светската пливачка елита се втурна во битка со издржливоста, струите и предизвикот да го исплива 25 километарскиот маратон на македонскиот бисер на традиционалниот 32-ри по ред Охридски пливачки маратон, делницата од Свети Наум до охридското пристаниште денеска го преплива и младото охриѓанче.

Некаде околу девет часот утринава Марко влезе во водите на охридското езеро и по повеќе од осум часа успеа во својот подвиг. Стигна до охридското пристаниште за да го комплетира неверојатниот подвиг.

Илјадници охриѓани денеска со аплауз и со голема поддршка го дочекаа новиот макеоднски херој. Секоја чест Марко!

ФОТО И ВИДЕО: ohridnews.mk