Шведска нанижа уште една победа, Германија славеше по пенали

Четири натпревари во хокеј во третото коло од групната фаза беа одиграни на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Во дербито на група Ц, Шведска беше подобра од Финска и славеше со 3-1 за трета победа на ЗОИ во групната фаза од натпреварување. Швеѓаните до првиот гол стигнаа по 15 минути игра преку Ландер, а веднаш потоа Финците израмнија на 1-1, но тука беше крајот за нив, откако Швеѓаните успеаа да постигнат уште два голови и да го постават конечниот резултат (3-1).

Исто така во група Ц, Германија беше подобра од Норвешка по пенали и победи со 2-1. Немаше голови во првата третина, а Германците стигнаа до водство во 13. минута од втората третина во ситуација, кога имаа играч повеќе. Норвешка стигна до израмнување по пет минути игра во последната третина, а откако немаше голови во продолженијата, во пенал серијата Германците ја затресоа противничката мрежа дури три пати додека Норвежаните не погодија ниту еден пенал.

Претходно Чешка во група А ја победи Швајцарија со 4-1, а до втора победа во групата стигна Канада, која беше подобра од Јужан Кореја со 4-0.