Русија е суспендирана од ЗОИ во Пјонгчанг 2018!

Интернационалниот олимписки комитет доби препорака да ја суспендира Русија од претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгчајн, Јужна Кореја, поради систематскиот допинг на своите спортисти за време на Игрите во Сочи 2014 година. 

Извршниот одбор на ИОК денеска го разгледуваше извештајот на поранешниот претседател на Швајцарија, Самуел Шмид, кој 17 месеци го истражуваше случајот за систематскиот допинг на руските спортисти од државата. Според неговата истрага, Русија е виновна за обвинувањата за државно спонзориран допинг, а Руската анти-допинг агенција била сериозно компромитирана, па државата треба да понесе сериозни санкции.

Шмид препорачува Русија да биде суспендирана од следните Олимпикски игри во Пјонгчанг, со тоа што на чистите руски спортисти да им биде дозволено да настапат на Игрите, но под знамето на ИОК и кога би излегле на церемонијата на отворање да свири химната на ИОК.

ИОК исто така доби препорака да го суспендира Рускиот олимписки комитет и да ги исфрли од своите тела сите руски претставници. На руските официјални лица да им биде забранет пристап на Олимписките игри.

Утре се очекува Интернационалниот олимписки комитет да ја донесе својата конечна одлука.