Откриена причината за сообраќајната несреќа на Тајгер Вудс

Легендарниот голфер Тајгер Вудс пред два месеци доживеа голема сообраќајна несреќа, а сега шерифот откри која била причината за инцидентот, кој за среќа не заврши фатално за спортистот.

Американските медиуми ја пренесоа изјавата на шерифот, кој кажа дека преголемата брзина на Вудс е причина за излетувањето на возилото од патот.

Вудс забрзал токму во момент кога ја загубил контролата над возилото, кое потоа излета од патот и целосно беше уништено, а за среќа на голферот, тој нема да одговара пред властите поради овој инцидент.