Луда завршница во Токио: Франција поуспешна од Шпанија во дербито!

Кошаркарките на Франција триумфираа против Шпанија со 67-64 во четвртфиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио.

Франција го отвори подобро натпреварот и ја доби првата четвртина со 21-16, а Шпанија не успеа да ја врати резултатската неизвност, па на полувреме замина со негатива од 30-36.

Водството на Франција се зголеми на +10 (40-30), по што кошаркарките на Шпанија влегоа во одлична серија и намалија на само два поени негатива (38-40). Меѓутоа, Французинките повторно зголемија на седум поени (55-48) пред последната четвртина.

Во последните 10 минути се водеше голема борба меѓу екипите, а Шпанија стигна до пресврт (60-57). Сепак, Франција повторно се врати во предност и на крајот славеше со 67-64.

Јоханес беше најдобра во екипата на Франција со 18 поени, пет скокови и четири асистенции, додека Ндур постигна 16 поени и 11 скокови за Шпанија.