Драма на Флорида: Тајгер Вудс имал тешка сообраќајка - возилото се превртело! (ФОТО)

Легендата на голфот, Тајгер Вудс бил вклучен во тешка сообраќајна незгода на Флорида и се соочува со обвинение за возење под дејство на алкохол.

Според американските медиуми, несреќата се случила околу 14 часот во областа Џупитер Ајленд, а властите соопштија дека Вудс не бил сериозно повреден во несреќата, но се очекува наскоро да бидат соопштени повеќе детали.

Вудс претходно имаше тешка сообраќајка во 2021 година, кога пожарникари мораше да го сечат возилото за да го извадат, а потоа докторите се бореа за неговата нога.

Фото: EPA