Нема време за одмор: Репрезентативците од авион директно на тренинг

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 0-4 во полуфиналето од баражот против Данска и остана без шанса да се пласира на Светското првенство (СП), а за четири дена игра уште еден натпревар, и тоа против Ирска кој нема никакво значење.

Поразот од 0-4 во Копенхаген дефинитивно ги разочара репрезентативците, кои нема да имаат време за одмор туку по пристигнувањето во Ирска веднаш ќе имаат тренинг.

Натпреварот меѓу Ирска и Македонија се игра на 31 март од 20.45 часот во Даблин.